Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува следната година, изјави дека во иднина нема планови поврзани со политика и изрази задоволство од постигнатото за десет години како шеф на државата.
– Многу ми е важно да ја извршувам работата до последниот ден од следната година и да ја напуштам ова позиција задоволен, истакна Пахор во традиционалното предновогодишно интервју за словенечката телевизија, чиј мандат истекува кон крајот на 2022 година.
– Тогаш, по десет години, ќе можам да кажам: она за што се натпреваруваше за оваа позиција, повеќе или помалку го постигна, и сега можеш да си заминеш со мирна совест, нагласи словенечкиот претседател.
Пахор потврди дека „веќе нема планови поврзани со словенчката политика“. По неговото заминување од претседателската палата тој ќе има 59 години и не се изјасни со што ќе се занимава во иднина.
Заедно со пет години повозрасниот премиер Јанез Јанша, Пахор е еден од најдолготрајните словенечки политичари од оваа генерација. Тој беше претседател на парламентот, премиер, но и лидер на опозицијата, а нецелосен мандат и пратеник во Европскиот парламент, по што во 2012 година го победи на парламентарните избори претходниот претседател Данило Тирк во вториот изборен круг. Словенија идната година трипати ќе одржи избори, прво парламентарни, а наесен претседателски и локални.