Во кино салата на Кинотека на Македонија вечерва со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведена дуодрамата „9“ на режисерот Гоце Ристовски.

Дуодрамата е проект од национален интерес фиансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Улогите ги толкуваат Зорица Панчиќ и Благој Чоревски. Визуелниот дизајн на претставата е на Стојанче Величковски- Грботворац а асистент на проектот е Марија Панзова.

Преставата ќе биде изведена според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот е бесплатен.