Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на годишната прес-конференција изјави дека мирот и стабилноста се цел на Србија во сегашните услови „во кои не се знае кој пие, а кој плаќа во светот“, во услови на енергетска несигурност, разни воени извици и забрзано воружувањр, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ најави дека желбата на Србија е да се обезбеди продолжување на просперитетот и да се води активна, а не пасивна политика. „Затоа донесовме важни одлуки во рамките на иницијативата Отворен Балкан“.

-Верувам дека ова ќе биде година на значајни одлуки во таа иницијатива и ќе го одбележи приемот на некои други од Западен Балкан, бидејќи е непобитно колку е тоа значајно за секоја нација, изјави српскиот претседател.