Софиското обвинителство нема да покрене истрага против поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, по обвинувања од Стојчо Кацаров додека тој беше привремен министер за здравство на Бугарија.
Тоа го објави весникот „Сега“ повикувајќи се на документи од обвинителството. Кацаров го тужеше Борисов на крајот на октомври поради неговите јавни наводи дека во Бугарија се аплицираат вакцини со истечен рок.
Паниката е кривично дело според Кривичниот законик. Обвинителството по еднонеделен молк најави дека од Министерството за здравство ќе побара документи „какви се овие вакцини, кога се купени, кој е нивниот рок“.
Кацаров објасни дека зборовите на Борисов се лажни вести, чин на висока јавна опасност, бидејќи се направени среде епидемија, а нивниот автор е поранешен премиер и актуелен партиски лидер – сето тоа може да влијае на многу луѓе со одбивање да се вакцинираат или да предизвика вознемиреност. Кацаров смета исто така дека тоа што го кажал Борисов е закана за националната безбедност.