За првпат по неколку недели во Бугарија има 3.449 заболени од Ковид-19, што е за 2.214 повеќе во изминатите 24 часа, објави Унифицираниот информативен портал. Како што јави дописникот на МИА од Софија, направени се 36.449 тестови, што значи дека 9,4 е позитивниот процент.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија во изминатите 24 часа е 162, од кои 150 се невакцинирани или со нецелосен циклус на вакцинација. Новозаболените кои се хоспитализирани 761 од кои 650 се невакцинирани.

Бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега е зголемен за 46, од кои 43 не се вакцинирани, со што вкупниот број се искачи на 30.819 од почетокот на пандемијата во март 2020 година. Во Бугарија вакцинираните со првата доза вакцина се 3.682.460, а со завршен циклус на вакцинација се 1.908.733, а со трета вакцина 265.194.