За неносење маска во Грција, без разлика дали е на отворено или затворено, полицијата може да напише казна од 300 евра, но може и полицаецот што ги казнува граѓаните за неносење маска, да не носи маска и да биде казнет, јави дописничката на МИА од Атина.
Невообичаената случка е од грчкиот град Патра каде што вчера, полицаец вршел проверки и им пишувал казни на граѓаните за неносење маска, додека ни самиот не носел.
По реакциите во медиумите, денеска реагираше министерот за цивилна заштита Такис Теодорикакос, а на несовесниот полицаец му била изречена предвидената казна од 300 евра за неносење маска.
Дополнително, започнала и дисциплинска постапка и преместување во друга служба.