Германија од денеска го презема ротирачкото претседателство со Г-7 за период од една година.

Досега Велика Британија беше ротирачки претседавач на Големата седумка. Германското претседателство со Г-7 најголеми светски економии (САД, Германија, Франција, Италија, Канада, Јапонија, Велика Британија) ќе биде внимателно следено. Тоа е прво по заминувањето на канцеларката Ангела Меркел.

Претседателството се соочува со голем број предизвици: нови тензии меѓу Западот и Русија околу Украина, сè уште нејасните односи по Брегзит меѓу Лондон и Брисел, кризата со коронавирусот и голем број други регионални и глобални закани.