Повереникот за надлежностите на градоначалник на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски во текот на новогодишната ноќ ги посети дежурните екипи на институциите од посебен интерес .
-Во новогодишна ноќ ги посетивме дежурните служби на институциите кои се грижат за здравјето, мирот и безбедноста во нашата општина. Ја пренесовме нашата благодарност за нивната пожртвуваност, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба во нивните семејства, напиша Куртовски на Фејсбук.
Тој ги посети дежурните екипи во Здравствен дом „Русе Бошкоски“ и полициското одделение во Ростуше, како и екипита на „Македонија пат“ во Долно Косоврасти.
-Од мое лично име и од име на Советот на општината и општинската администрација упатувам искрени честитки за среќна 2022 година и до сите жители на нашата општина, нашите иселеници во странство и до сите граѓани на нашата држава. Многу здравје, среќа, благосостјба и успеси, посака Куртовски.