Градоначалникот на Тетово Биљал Касами во текот на новогодишната ноќ ги посети вработените во дежурните служби. Ги посети вработените во комуналното претријатие, полицијата и пожарната. Посетите ги започна со посета на вработен во ЈКП Тетово кој е на болничко лекување поради повреда при санација на дефектот на водоводната мрежа во месноста Лешница во текот на декември.
-Го посетив работникот Рахим, вработен во Јавно комунално претпријатие „Тетова“ – Тетово кој беше опериран. За среќа неговата здравствена состојба е стабилна. Секогаш ќе бидеме на страната на работниците бидејќи тие ја вршат најдобрата работа за нашиот град. Им благодариме на Рахим и неговите колеги што Тетово и понатаму има вода за пиење и чистота, порача Касами.
Тој ги посети полицајците и пожарникарите за кои потсети дека 365 дена беа и ќе бидат на услуга на граѓаните.
-Затоа, вечерва им благодарам на сите од тимот на Територијалната единица против пожарот предводена од командант Ука Алити за неуморната работа во служба на Тетово и тетовчани. Воедно им посакав среќна нова година со надеж дека ќе имаме помалку пожари и поплави, повеќе љубов и среќа, за град од соништата за сите, порача Касами.
Градоначалникот ги посети и полицајците во централното градско подрачје кои во текот на ноќта беа ангажирани на терен да се грижат за безбедноста на граѓаните.