Две здрави машки бебиња се првородени во 2022 година, кои на свет се донесени во првата минута од новата година, во две гиниколошко-акушерски клинки во Тирана.

Веста ја објави министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, постирајќи фотографии од бебињата и посакувајќи им „ добредојде, како добар предзнак за 2022“.

– Добредојдовте и долг живот Акид и Аиден. Две прекрасни момчиња кои дојдоа на свет. Акид во клиниката „Кралица Гералдина“, а Аидан во клинката „Кочо Глиожени“ во Тирана. Тоа е најдобриот знак за годината што претстои, напиша Манастирлиу.

Од јануари 2019 година владата доделува „бебешки бонус“ кој за првороденче во семејството изнесува 40 илјади леки (325 евра), 80 илјади (650 евра) за второродено и за третородено дете во семејство 120 илјади леки (околу 1.000 евра).

Во просек во изминатите три години ваков паричен надоместок оствариле над 410 илјади бебиња, дел од нив родени во странство, каде што работат и живеат нивните родители.

Доделвањето бебешки бонус, како што најави премиерот Еди Рама продолжува и годинава.