Албанија од денеска го започнува двегодишниот мандат на непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), каде е избрана за периодот 2022-2023 година.
Изборот во Советот за безбедност, за првпат по 66 години членство во ОН, претставува голем предизвик, но и одлична можност за Албанија, која се пријави како консензуален кандидат на Групата источноевропски земји.
Изборот на Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност при Обединетите нации е едно од најголемите достигнувања во меѓународната дипломатија за земјата, која стана членка на ОН на 14 декември 1955 година.
-Добра вест. Со 175 гласови од 117 потребни, Албанија штотуку е избрана за членка на Советот за безбедност на ООН за 2022-2023 година, вака тогаш премиерот Еди Рама ја објави оваа вест.
Совет го сочинуваат 15 членки, при што САД, Обединетото Кралство, Франција, Русија и Кина се 5 постојани членки, а останатите 10 земји членки имаат мандат од по две години.
Советот за безбедност на ОН е еден од најважните органи на Обединетите нации, задолжен за одржување на мирот и безбедноста меѓу народите.