По живата контроверза околу присуството на европско знаме кое лебди само, без француско знаме, под Триумфалната капија, тоа беше повлечено во текот на ноќта меѓу 1 и 2 јануари, јави дописникот на МИА.
Џиновско знаме во боите на Европа, стана знаме на раздорот откако беше поставено под Триумфалната капија, за да го прослави почетокот на француското претседателство со Европската унија на 1 јануари 2022 година. Но, само присуството на европското знаме, без националното знаме (за разлика од изборот направен во 2008 година, за време на последното француско претседателство со ЕУ) предизвика полемика на Интернет, на која брзо им се придружија сите десничарски и крајно десничарски кандидати за претседателските избори.
Вчеравечер, по денот обележан со жива полемика, парискиот споменик сè уште беше украсен со големото европско знаме, додека светлите рефлектори го осветлуваа најпознатиот лак во Франција во сините бои на Европа. Но, ова недела наутро, Парижаните можеа да видат дека европското знаме е повлечено во текот на ноќта, како што забележа новинарот Реми Годо, главен уредник на „Л’Опинион“.
Дали тоа беше набрзина повлечена со оглед на контроверзноста, се запрашуваат француските медиуми. Оваа недела наутро, Елисејската палата негира дека го забрзала повлекувањето на знамето и гарантира дека знамето на Триумфалната капија било планирано само за деновите на 31 декември и 1 јануари. Од друга страна, споменикот ќе продолжи да биде осветлен во боите на Европа една недела, како и неколку други симболични локалитети на главниот град. Во саботата, државниот секретар за европски прашања, Клеман Бон, изјави дека европското знаме ќе биде повлечено за „неколку дена“ и француското знаме „очигледно повторно инсталирано“, бранејќи ја „симболичната“, но и „привремената“ иницијатива.
На Твитер, Марин Ле Пен ја поздрави „големата патриотска победа во зората на 2022 година“, верувајќи дека „владата беше принудена да го повлече знамето“. Таа ден претходно ја најави намерата да поднесе тужба пред Државниот совет