Претседателот на Комитетот за безбедност на Претставничкиот дом на САД, Адам Шиф изјави синоќа дека руска инвазија врз Украина е многу веројатна, и според него, само „масовни санкции” можат да ја одвратат Москва од таква одлука.
Запрашан дали мисли дека закажаните разговори би можеле да спречат руска инвазија, Шиф одговори:
„Се плашам дека Путин најверојатно ќе изврши инвазија. Искрено, се уште не ја разбирам целосната мотивација и зошто го прави тоа сега, но се чини дека тој се одлучи на тој потег… освен ако не го убедиме во спротивното”.
Тој оцени дека одлуката на Москва за инвазија врз Украина може да се врати како бумеранг, пренесува лондонски „Гардијан”.
Шиф изрази уверување дека е важно Русија да разбере дека, доколку ја нападне Украина, ќе ја приближи Северноатлантската алијанса до нејзините граници, наместо да ја држи подалеку од Русија.