Пензионираниот маршал на британското воздухопловство Едвард Стрингер изјави дека кибер нападот врз Одбранбената академија на Велика Британија предизвика голема штета.
Тој додаде дека поради нападот откриен во март 2021 година ја принудил Одбранбената академија да ја обнови својата мрежа.
Стрингер истакна дека не знае дали за нападот се одговорни криминалци или непријателска држава, како Кина, Русија, Иран или Северна Кореја.
Одбранбената академија, со седиште во Шривенхам во Оксфордшир, годишно ја посетуваат 28.000 припадници на армијата, дипломати и државни службеници. Според британските медиуми на мрежата на Академијата немало чувствителни информации.