Новоназначениот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз, денеска ја презема функцијата од досегашниот директор Абдусамед Шабани.

-Енуз и Шабани разговараа за активностите поврзани со собирањето и транспортот на комуналниот отпад и предизвиците при раководењето со едно од најголемите јавни претпријатија коешто е од витално значење за функционирањето на градот Скопје, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена” – Скопје.

Енуз е дипломиран правник, досега бил активен во приватниот деловен сектор како менаџер на повеќе компании.