ОПЕК + постепено го зголемува производството, по рекордниот пад во 2020 година за да се приспособи на колапсот на побарувачката во првиот бран на пандемијата на Ковид 19.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници ќе го зголемат производството на нафта во февруари, предвидувајќи само благо и краткорочно влијание на новата варијанта на коронавирус врз побарувачката.

ОПЕК + постепено го зголемува производството, по рекордниот пад во 2020 година за да се приспособи на колапсот на побарувачката во првиот бран на пандемијата на Ковид 19.

Минатото лето одлучија да го зголемат производството за 400.000 барели дневно во месеците до крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, а во вторник повторно ќе ја анализираат производната политика.

Во извештајот на Заедничкиот технички комитет, групата ја ублажи својата проценка за влијанието на Омикрон – новата варијанта на коронавирус на пазарот на нафта.

Во неутралното сценарио на извештајот на JTЦ, комерцијалните резерви на нафта на членките на ОЕЦД ќе останат под просекот за периодот од 2015 до 2019 година во првите три квартали од 2022 година и ќе го надминат за 24 милиони барели во четвртиот квартал.

„Влијанието на Омикрон се очекува да биде благо и краткотрајно, бидејќи светот има подобри алатки за управување со Ковид 19 и предизвиците што тој ги носи", се вели во извештајот.

Земјите од ОПЕК + не успеаја да го зголемат производството за 650.000 барели дневно во ноември и за 730.000 барели дневно во октомври, објави минатиот месец Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).