Во изминатите 24 часа во САД се регистрирани над еден милион заразени луѓе со Ковид-19, што е рекордна бројка од почетокот на пандемијата.

Претходниот „црн рекорд“ беше на 31 декември, кога беа пријавени околу 590.000 новозаразени луѓе.

Податоците на Универзитетот Џон Хопкинс најверојатно не ја покажуваат реалната ситуација, бидејќи голем број Американци дома се тестираат за Ковид-19 и не ги пријавуваат резултатите до водечките статистички агенции.

Од почетокот на пандемијата во САД се регистрирани над 56 милиони инфицирани луѓе со Ковид-19 и над 820.000 смртни случаи.