Врховниот суд на правдата во Онтарио, Канада досуди 107 милиони канадски долари (84 американски долари), плус камати, за семејствата на шестмина загинати во близина на Техеран во 2020 година, кога беше соборен авион.

Авион на украинска авиокомпанија, со 176 патници беше погоден со две ракети. Иран по три дена демантирање призна дека иранската Револуционерна гарда по грешка го собори украинскиот авион, бидејќи операторот на противвоздушната одбрана за авионот помислил дека е американска крстосувачка ракета.

Авионот беше соборен истиот ден кога Иран почна напад со балистички ракети врз американските војници во Ирак, како одмазда за нападот со американски дрон, при што беше елиминиран иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Роднините на жртвите поднесоа тужба против Иран, но не е јасно како судот ќе ги надомести парите од Иран.

Адвокатот на семејствата, Марк Арнолд изјави дека ќе се обиде да го заплени иранскиот имот во Канада и во странство, а најверојатно и танкерите кои превезуваат нафта.