За време на новогодишната ноќ беше искршена изборната канцеларија во Келн на германскиот мминистер за здравство Карл Лаутербах.

Сторителите не се идентификувани, а се претпоставува дека станува збор за критичари на противпандемиските мерки.

Лаутербах од почетокот на пандемијата со Ковид-19 добива смртни закани поради неговото инсистирање за воведување на поригорозни мерки.

Во средината на декември на неговата канцеларија беа испишани слогани како „министер болест“, „убица“ или „психо Лаутербах“