Во Албанија од денеска на сила се новите дополнителни мерки што ги донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19.

Вработените во јавната и државната администрација, трговски центри и супермаркети, од денеска треба да достават сертификат за примени две дози вакцина за да може да одат на работа. Ако немаат сертификат, оние кои не сакаат да се вакцинираат ќе мора да прават ПЦР тест на секои пет дена.

Претходно премиерот ги предупреди дека сите оние кои нема да ја почитуваат оваа одлука ќе останат без работа.

Во земјата и понатаму трае полицискиот час и тоа од 23 до 6 часот. Воведен е во средината на ноември 2020 а исклучок беше само последната новогодишна ноќ.

Останува на сила и заадолжителното носење заштитна маска во трговски центри, супермаркети, продавници и на сите оние места каде што не е обезбедено физичко растојание.

Останува на сила и забраната за собири со не повеќе од 50 лица и исполнетост до 30 отсто од капацитетите на културни и спортски настани.v