Полската погранична стража денеска потпиша договори за изградба на заштитна ограда на границата со Белорусија, од каде минатата година речиси 40.000 мигранти се обидоа да влезат во Полска.
– Граничната стража денеска потпиша три големи договори за изградба на оградата, соопшти заменик министерот за внатрешни работи и администрација на Полска. Според него, заштитната ограда се очекува да биде завршена кон крајот на јуни.
Оградата ќе биде долга 186 километри, ќе се гради на четири локации истовремено, а ќе има 22 порти кои ќе овозможуваат минување на животни. Планирано е оградата да биде висока пет метри, а современата опрема ќе вклучува и дневни и ноќни камери за надзор и сензори за движење.