Францускиот претседател Емануел Макрон сака да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во април, но ќе ги објави своите намери само кога ќе биде сигурен, изјави тој синоќа во интервју за весникот „Паризиен“.
-Сакам да го направам тоа, изјави Макрон за весникот на прашањето дали планира да се кандидира.
„Штом тоа ќе го дозволи здравствената состојба во државата и ќе разјаснам сè – внатре во мене и во однос на политичката равенка – ќе кажам која е мојата одлука“, рече актуелниот француски претседател.