Најголемата германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска соопшти дека ќе го поддржи реизборот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија, одлучија да го поддржат Штајнмаер затоа што на земјата и треба „кредибилен глас што ги зближува луѓето и не ги маргинализира“, во време на тензии и поделби поттикнати од пандемијата на коронавирусот, изјави лидерот на ЦДУ во заминување Армин Лашет, а пренесе АП.

По проценката на различните аргументи, решивме да го поддржиме претседателот, кој е подготвен да продолжи да ја врши својата должност за земјата, во оваа фаза, во која сега се наоѓа Германија“, додаде тој.