Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, а починале 33 лица, соопшти денеска Хрватската цивилна заштита.

Во последните 24 часа биле тестирани 19.975 лица, а речиси половина од тестираните биле позитивни на коронавирусот.

Во болниците има 1.824 пациенти, а на респиратори 244 лица.

Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 12.764, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е 39.853.

Со една доза до вчера се вакцинирале 55,82 отсто од вкупното население во Хрватска, а вакцинацијата ја завршиле 63,44 отсто