Средношколците во Војводина од понедленик ќе ја следат наставата на далечина поради зголемениот број новозарзени со сојот омикрон. Според српскиот министер за образование Бранко Ружиќ одлуката е донесена со цел да се сочува здравјето на сите во образовниот систем.

„Средношколците во Војводина од понеделник, 10 јануари, кога за нив започнува второто полугодие, наставата ќе ја следат на далечина, односно според третиот модел на организација на воспитно-образовната работа”, наведе Ружиќ.

Според него, ќе се продолжи внимателно да се следи ситуацијата и следната седница на Тимот за училишта е закажана за 13 јануари 2022 година.

За средношколците во Војводина второто полугодие почнува на 10 јануари, за основците на 17 јануари.