За нештата да бидат појасни!
ЈП Плачковица склучила спогодба со ЕВН Македонија во 2018 год. за раздолжување на долг од 13.149.086 ден. на 96 рати по 136.969ден. Но како добри ,,домаќини" исплатиле само 3 нецели рати или 394.349 ден.
До Ноември месец кога е превземена власта доспеале 40 неплатени рати. А долгот пораснал на речиси 17.000.000 ден. (Седумнаесет милиони)
Е сега чисто да ви најавам дека некој ќе треба да си одговара согласно прекршувањата, а јас ви гарантирам дека ќе има одговорност!