Здружението „Оффроуд Куманово" денеска ги повика заинтересираните на еднодневно зимско караванско возење во кумановско-козјачкиот регион.

Возењето ќе се одржи на 22 јануари со почеток во 9 часот. Организаторите информираат дека возењето ќе биде од слободен карактер, без котизација, спонзорства и организации.

– Секој што поседува 4×4 возило или АТВ и е љубител на овој спорт може да ни се придружи и заедно да уживаме во оваа адреналинско возење, велат организаторите.

Рутата за возење ќе биде одредена последните денови и ќе зависи од временските услови. Учесниците треба да пристигнат на „Туша петрол" во селото Војник најдоцна до 8:00 часот за доделување на редни броеви.