Службата за блокирање на непрописно паркирани возила при ЈП ,,Паркинг” Кавадарци поставила 1.278 блокатори-шепи на погрешно паркирани возила во текот на минатата година, а пајак службата подигнала и отстранила 335 возила.
Директорот на јавното претпријатие, Јордан Настов изјави за МИА дека правилното паркирање придонесува за посредено и побезбедно Кавадарци. Тој ги повика кавадарчани и тиквешани, да ги почитуваат правилата за зонско паркирање и да паркираат соодветно на прописите, за да избегнат санкционирање.
Казната која се плаќа поради непрописно паркирање изнесува илјада денари. Доколку пајак службата однесе погрешно паркирано возило, за да си го земе, сопственикот треба да плати плус 1.500 денари.