Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат дел од жителите на населбите Автокоманда, Ченто, Сингелиќ, Стајковци, Инџиково, Маџари, Хиподром и хотел „Белви", во општина Гази Баба.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа на булеварот „Александар Македонски", кај „Кремисимо".
Предвидено е од 8:30 часот да се работи на дефектот без затворање на вода. Во случај да дојде до непредвидени проблеми, корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување.