Амбасадата на Германија во нашата земја, на доброволното противпожарно друштво од Дојран му донираше опрема со која пожарникарите ќе ја зголемат брзината на интервенциите и посебно ефикасноста во справувањето со пожари на отворен простор.
Опремата што ја добија доброволните пожарникари од Дојран се состои од црево за гаснење пожар, пумпи за прскање, кондури, заштитни маски, осум радиостаници и други парчиња од неопходна пожарникарска опрема чија вредност изнесува 4.000 евра.
-Ова ни беше навистина неопходно за ефикасно обавување на доброволната противпожарна дејност на друштвото кое брои 15 членови. Тие секогаш се на висина на својата задача и брзо интервенираат на дојава за пожари на јавен простор,приватни имоти и урбани објекти на територијата на општина Дојран,настојувајќи да спречат ширење на пожарите и нивно ефикасно гаснење, рече Стојан Шулев, претседател на ДППД Дојран кој изрази голема благодарност на германската амбасада во земјава за донираната противпожарна опрема.