Викендов зголемен бројот на прегледи во Брзата помош во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип. Според извештајот за два дена имале 71 амбулантски преглед, дел од пациентите се препратени кај матичните лекари, а дел од нив и на Инфективното одделение, како сомнителни случаи дека се заразени со омикрон, новиот сој на коронавирусот.

-Еден дел од прегледите, најверојатно, се од новиот сој, омикрон, кај друг дел станува збор за грип или вироза. Има случаи и на гнојни ангини, но нема случаи кај кои итно имало потреба да се однесат до Клиничка болница Штип. Имаме и такви случаи, кај кои по заразувањето со делта сојот има голем број постковид симптоми од истиот сој, информираат од Итната медицинска помош.

Во изминатите 24 часа на Инфективното одделение во Штип починаа тројца пациент на возраст од 48 до 80 години од Кочани, Пробиштип и Скопје. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека на одделение се лекуваат 43 пациенти, од кои 34 се на постојана кислородна поддршка. Четворица пациенти се вакцинирани, додека останатите 39 кои се лекуваат на одделение не се имунизирани. Во општините од истокот активни се 697 ковид случаи, најмногу во Штип 270 и во Кочани 159. Во останатите општини бројката е двоцифрена