Огнот кој се појави во атарот на каменичкото село Цера, не бил пожар, туку контролирано горење на папрат од страна на сточар. Од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица појаснувајќи го случајот, порачаа во иднина да не се пали оган на отворено.

-За овој случај иако немавме класична дојава на пожар евидентирано е палење на папрат. Поради тоа сакам да порачам на жителите да не се пали оган во селските средини, бидејки самото време е такво што доколку се запали ќе се прошири и би дошло до поголем пожар, истакнаа од ТППЕ Македонска Каменица.

Апелираа до граѓаните да не објавуваат фотографии на социјалните мрежи, туку доколку се сигурни дека станува збор за пожар, случајот да го пријават до противпожарната служба.