Марјан Коцев од демиркаписко Бистренци го фати Светиот крст во водите на реката Бошава во Демир Капија.
– Многу ми е мило што имав среќа и го фатив светиот крст на овој голем христијански празник Богојавление – Водици. Посакувам здравје, среќа и мир, рече тој.
На чинот на положување на светиот крст, му претходеше божествена литургија во црквата „Света Богородица” и осветување на вода, по што поворката предводена од свештени лица се упати кон реката Бошава.