Над 40 верници скокнаа денеска по светиот крст во Црна Река во Росоман. Најсреќен беше 18-годишниот Слободан Јованов од росоманското село Сирково.

– Пресреќен сум што токму јас го фатив светиот крст. Посакувам здравје, среќа и бериќет за сите. Бог се јави, навистина се јави, рече тој.