Томица Младеновски од Старо Нагоричане го извади светиот Крст од водите на река Пчиња во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, информираа од општината.
– Во општина Старо Нагоричане денеска традиционално се одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици. Пред голем број жители на Општината, во 11 часот во водите на реката Пчиња на мостот во селото Драгоманце се фрлаше светиот крст. Во водите на Пчиња скокнаа 19 момчиња, а крстот го фати Томица Младеновски од Старо Нагоричане, наведуваат од општината. Младеновски од градоначалничката Жаклина Јовановска доби телевизор и подароци од црквата и спонзорите, а и на останатите учесници им беа поделени пригодни подароци.