Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, во рамки на посетата на Охрид ја посети Планинската спасителна служба, која што работи во рамки на општинската организација на Црвениот крст.

Притоа тој ја проследи демонстрацијата и практичната употреба на опремата за спасување наменетa за потребите на Службата.

Опремата е набавена со финансиски средства од Европската Унија, во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам".

Преку проектот се реализира заложбата за воспоставување систем што ќе овозможи безбедносни услови за сите туристи, љубители на планината и авантуристичкиот туризам, но и за населението од општините Охрид, Ресен, Дебрца, Вевчани и Струга во Македонија, како и Поградец и Грамш во соседна Албанија.

Проектот e финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.