Поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, белгискиот дипломат Питер Ванхојте, во рамки на посетата на Гостивар денеска се сретна со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
На средбата, според информациите од службата за информирање на локалната самоуправа се наведува дека било разговарано за повеќе теми и пред сè актуелната политичка состојба во земјава.
Гостинот, кој на јавноста ѝ е познат посредник кој придонесе за постигнување на Пржинскиот договор, со домаќинот се осврнале на потребата од организирање на предвремени избори.
– На средбата, во конструктивен разговор со белгискиот експерт Ванхоуте, допревме теми како: потребата од предвремени парламентарни избори, спорот на Северна Македонија со Бугарија. Исто така ги идентификувавме националните приоритети како што се економскиот развој, подобрувањето на здравствениот систем, образованието и судството, наведува градоначалникот Арбен Таравари.
Во соопштението се наведува дека на средбата е констатирано дека клиентелизмот е неприфатлив во функционална демократија, бидејќи не ги третира сите граѓани подеднакво, па затоа сите партии треба да имаат главен приоритет промена на клиентелистичкиот систем.