Се уриваат стари објекти во Кавадарци со цел тие да не бидат проблем за околното население и движењето на пешаците и возилата, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– По цели 35 години денес се рушат неколку склонопадни објекти во некогашниот расадник на Тиквеш со цел реализација на урбанистичкиот план и конечно граѓаните кои живеат на улицата „Домовица“ да добијат пристап каков што заслужуваат, соопштија од Кабинетот на градоначалникот.
Оттаму појаснија дека по рушењето следува изградба на две нови улици и поврзување на улицата „Смилица“ со улицата „Домовица“