„Насмевки за живот”, е насловена хуманитарната акција, којашто ќе се реализира вечерва во Кавадарци. Акцијата е во организација на Здружението ,,Кавадион”, во соработка со Дом на култура „Иван Мазов – Климе” и КТВ телевизија.
– Премиерно ќе биде прикажана нова епизода од серијалот ,,Кавадаречки прикаски”, но и исечок од документарниот филм за џоломарите и нивната традиционална игра, како и неколку вицови од серијалот „Лакрдиите на Паја”. Целта е да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да спасиме еден млад живот. Собраните финансиски средства од билети за настанот и од донации, ќе бидат донирани за лекување на нашата сограѓанка Марина Ристова, појаснија организаторите.
Тие ги повикаа сите хумани луѓе, да помогнат во рамките на своите можности.