Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на својот Фејсбук профил ја сподели информацијата дека во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри.
Изведувач на проектот е Ќа-Ну Компани од Скопје.
Станува збор за целосна инвестиција на Општина Кавадарци која чини 2.400.000 денари.
„Кавадарци за сите !“, стои во Фејсбук објавата на Јанчев.