Општина Дебрца организира јавна дебата со цел на граѓаните да им се образложи проектот со кој ќе се спроведе модернизација на јавното осветлување во Општината. Под-проектот е во рамки на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, со што е предвидена замена на постојните улични светилки во населените места во Дебрца со нови лед светилки.
Врз основа на одлуката на општинскиот Совет, Општина Дебрца до Министерството за финансии минатата година поднесе апликација за добивање на под-заем во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), што е финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, со цел финансирање на под-проектот за модернизација на јавното осветлување.
Поднесената апликација за финансирање била прифатена, а следниот чекор е одржување на Јавна дебата на која ќе биде образложен аплицираниот под-проект.
Дебатата ќе се одржи на 27-ми овој месец во административната зграда на Општина Дебрца во село Белчишта, со почеток во 12 часот. На Јавната дебата може да присуствуваат заинтересирани граѓани и претставници на месните заедници, информираат од Општина Дебрца. аб/вј/