Откако во медиумите се објави информација дека Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков бил позитивен на ковид а во исто време бил присутен на манифестацијата за Водици, на својот фејсбук профил објави негативен ковид тест и при тоа порача дека е лошо кога текстови се составуваат во охридските кафани.

- “По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е… Се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми. Немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате. Добра ноќ”, стои во фејсбук објавата на Пецаков