Заврши изградбата на спортско игралиште во кумановското село Клечовце, соопштија денеска надлежните. Новото игралиште е лоцирано непосредно до училиштето „Вера Которка“.

– Поставена е тартан подлога, нови кошеви и наскоро ќе се постават и нови голови, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Ова е едно од петте игралишта кои општината ги изгради во Куманово и руралните средини во изминатиов период и освен во училиштето, дел од нив се изградија во рурални средини, како што се Романовце, Агино Село, сега и Клечовце. Дел од игралиштата имаат и трибини, некои од нив специјална подлога особено оние кои во близина на училиштата и кои користат спортските клубови. Сите игралишта ќе бидат опремени со соодветни реквизити.

Според информациите на надлежните од одделението за јавни набавки за игралиштата од општинскиот буџет одвоени се 14 милиони 813 илјади 980 денари без вклучен данок на додадена вредност. На јавната набавка избрана е фирма од Скопје. ам/бк/