Договорот е потпипан како резултат на остварената соработка со проектот „Да ги поврземе бисерите“ што Крива Паланка и Лесковац го имплементираат во рамки на ИПА програмата на прекуграничната соработка на Европската унија помеќу Р Македонија и Република Србија.
– Многу ми е драго што потпишуваме еден вакиов договор со Лесковац и со мојот колега Цветковиќ. Со оглед на тоа дека проектот е прв од меѓуграничната соработка меѓу нашите две земји, можноста за заедничко аплицирање на ИПА фондови постои и веќе се бараат можности за соработка на следни повици. Крива Паланка и Лесковац имаат многу потенцијали во оваа област идеални за спортско-рекреативен туризам, гастрономски, културен, верски и манифестациски туризам, така што и јас и општинските тимови и граѓанскиот сектор од Крива Паланка сме отворен за да во иднина се направат нови иницијативи и линкот кој го имаме да го зацврстиме со проширување на областите на соработка, изјави Митовски.
Како дел од проектните активности претставници од локалните самоуправи од двете општини и граѓански организации два дена работат на смарт и интегрирано планирање за развој на туризмот и заеднички туристички понуди.
Во рамки на проектот во Крива Паланка се гради патека кон туристичкиот локалитет Станечки водипади и до Ловечка куќичка кон Калин Камен.