Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар е укината во 12:30 часот, соопшти АМСМ.
Претходно од АМСМ информираа дека снег со слаб интензитет врне на патните превои Буково и Ѓавато и во Битола, а со силен интензитет во Маврово. На автопатот Кичево – Охрид во изградба, пак, попладне од 15:00 до 16:30 часот ќе се изврши минирање.