Лизгалиштето во Кавадарци од денеска е ставено во функција оваа година, a теренот за лизгање на мраз претпладнево го посети кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Лизгалиштето ќе можe бесплатно да го користат сите млади во деновите кога ќе има ниски температури кои дозволуваат лизгање, во периодот од 9 до 21 часот. Ова значи лизгање, дружба и рекреација, рече Јанчев.

Борче Ѓорѓиев, како претставник на локалната самоуправа, појасни дека со младите работат стручни лица, професори по физичко образование. Тие ги учат за техниките на лизгање.

– Благодарност до градоначалникот и Советот на општината, што пред неколку години ја усвоија програмата за вакво нешто, нагласи Ѓорѓиев.

Лизгалиштето се наоѓа кај спортската сала „Јасмин” во Кавадарци.