Општина Делчево го прифати предлогот за одбележување настани поврзани со ранливите категории граѓани. За таа цел, од Општината за реализација на иницијативата се обезбедени средства во висина од 100 илјади денари.
-Во Општина Делчево, по првпат, во 2022 година се предвидува да се одбележат Светскиот ден на социјалните права, Ден на ретките болести, Светски ден на лицата со Даунов синдром, Светски ден на аутизмот, Меѓународниот ден на белиот стап, Светски ден на менталното здравје и Светски ден на хуманоста, со можност оваа листа да се прошири, се вели во сооопштението од Општината.
Целта на овие мерки, како што истакнаа од Советничката група на Левица кои се подносителите на иницијативата, е преку организирање на заеднички активности и настани да се влијае кон намалување на социјалната исклученост преку подигање на јавната свест на граѓаните.
Предвидените активности Општина Делчево ќе ги реализира како дел од својата Програма за социјална заштита за 2022 година.