Во Србија дневно се употрбуваат од 1.600 до 6.500 дози вакцина против коронавирус, од кои со втора доза меѓу 400 и 1.800 и трета или таканаречена бустер доза до 4.500, а од делта сојот дневно се заразуваат 3000 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Координаторот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем Зоран Бекиќ изјави дека вакцинацијата е забавена во цела Србија и дека во текот на февруари и март минатата година имало денови кога бројот на дадени дози достигнувал 82.000, што е, како што рече, бројка која од почетокот на 2022 година не е достигната.

-Бустер доза досега примиле 33 отсто од возрасните, а во возрасната група од 12 до 17 години, која има вкупно 414.000 жители, вакцинирани се само 3,8 отсто, што е околу 15.000 млади лица, изјави Бекиќ.

Тој додаде дека дневно на Белградскиот саем, најголемиот пункт за вакцинација во Србија, се аплицираат меѓу 280 и 350 дози вакцина против коронавирус.

Србија вчера евидентираше рекорден број на новозаразени, 19.904 лица.