Во трката за градоначалници на делумните предвремени избори во шест општини во Албанија учество пријавиле четири политички партии.

По владејачката Социјалистичка и најголемата опозициска партија, Демократската, учество на изборите денеска пријавиле Движењето за социјалистичка интеграција и Социјал демократската партија.

Учество на овие избори најави и поранешниот претседател и експремиер, демократот Сали Бериша, но судот во Тирана потврди дека како лидер на демократите во регистарот е запишан Љуљзим Баша, што подразбира дека под слоганот на Демократската партија прво на изборите има ПД и Баша.

Во меѓувреме, по потврдата од судот, доставена до Централната изборна комисија, се погласно се зборува за заеднички кандидати со партијата на Моника Круемади, лидерка на ЛСИ, што индиректно го потврдува и Бериша, со изјавата дека разговаат за тоа.

Предредвремени избори за градоначалнич ќе има на шести март во Драч, Скадар, Вора, Лушња, Рогожина и Пешкопеја.