На два два месеци до договорените избори на сите нивоа во Србија, на 3 април, полека се кристализираат предизборните позиции и на опозициските и на владејачките партии, јави дописникот на МИА од Белград.
Синоќа беше направен клучен чекор во реализацијата на идејата на Партијата на слободата и правдата (ССП) на Драган Ѓилас, пензионираниот генерал Здравко Понош да биде претседателски кандидат на опозицискиот сојуз. Тој ја доби поддршката и од матичната Народна партија (НС) на Вук Јеремиќ. Вчера и Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац одлучи да го поддржи Понош како претседателски кандидат на Здружената опозицијата.
Денес подршка на неговата кандидатура дадоа и од движењето на Слободна Србија која е член на оваа најголема опозициона групација, како и од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и Движењето за пресвт.
Деновиве официјално треба да ја дознаеме и конечната одлука на професорот Владета Јанковиќ кога е во прашање неговата кандидатурата од Здружената опозиција на Србија за белградските избори, со што станува појасна сликата за тоа како ќе изгледаат првите редови на опозицијата на следните избори.
Вчера на средбата на владеачките Српска напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) договорено е одвоено да излезат на парламентарни избори, додека Ивица Дачиќ порача да СПС ќе го поддржи претседателскиот кандидат на СНС доколку тоа биде Александар Вучиќ.
Веќе е познато дека Александар Шапиќ ќе биде предлог за градоначалник на СНС за градот Белград, додека од партијата на Дачиќ порачуваат дека сеуште немаат одлучено кого ќе предложат за ова место.
Поранешниот претседател на Србија и лидер на Соцјалдемократскиот сојуз (СДС), Борис Тадиќ изјави вчера дека во најбрз можен рок ќе соопшти дали ќе се кандидира за шеф на државата и дека е блиску до таквата одлука.
Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој не е повеќе член на Здружената опозиција на Србија, веќе официјално ја претстави својата претседателска кандидатура и го најави официјалниот почеток на кампањата.
Претседателска кандидатура најави и Милош Јовановиќ од опозициската коалиција Нада која ја сочинуваат партијата на Јовановиќ ДСС и монархистичката партија ПОКС.